Перач под висок притисок со компактна конструкција кој се одликува со моќен мотор со моќност од 1.300W. Овозможува лесно завршување на чистења со мал и среден обем. Има маса од само 3,0кг без дополнителниот прибор и 3,8кг со вклучен прибор. Има компактна конструкција за лесно ракување и контрола. Дизајнот на уредот е со вграден магацин за дополнителниот прибор за полесно маневрирање и користење за голема практичност. Уредот е подготвен за користење директно отпакуван од кутија, потребно е само едноставно и брзо спојување на приборот.
Уредот дава можност за избор на млазници. Млазниците за вода се ротациони. Млазницата за детергент под висок притисок е со проток од 450 ml и заштедува време со брзото нанесување на средството за чистење.
Уредот е со ширина од 400м, должина од 200мм и висина од 375мм. Има и вграден систем за автоматско исклучување во случај на преоптоварување.
Пумпата на перачот е со максимален притисок од 110 bar со што се овозможуваат разновидни перформанси на чистење. Максималниот проток на пумпата е 330литри на час. Максималната температура на протокот е 40 °C. Постои можност за самостоен довод на вода од 0.5м. Пумпата има 3 цилиндри и изработена од полн метал. Моторот е од сериски тип а уредот има и филтер за вода. Должината на кабелот за напојување е 5 метри. Има рачна моталка за црево, а PVC цревото е долго 3 метри.
Нивото на звучен притисок е 85 dB(A), нивото на звучна моќност е 98 dB(A).
Бренд
Bosch
