Перач под висок притисок со компактна конструкција кој се одликува со моќен мотор со моќност од 1.700W. Овозможува поудобно и попријатно чистење со тивка пумпа на моторот. Има маса од само 7,8кг без дополнителниот прибор. Има компактна конструкција за лесно ракување и контрола. Дизајнот на уредот е со вграден магацин за дополнителниот прибор за полесно маневрирање и користење за голема практичност. Уредот е подготвен за користење директно отпакуван од кутија, потребно е само едноставно и брзо спојување на приборот.
Уредот има млазница од тип 3во1 со избор на подесување на три различни облици на млаз: лепезест, ротационен и единечен млаз, според потребите за чистење. Млазницата за детергент под висок притисок и со проток од 450 ml заштедува време со брзото нанесување на средството за чистење.
Уредот е со ширина од 400м, должина од 200мм и висина од 375мм. Има и вграден систем за автоматско исклучување во случај на преоптоварување.
Пумпата на перачот е со максимален притисок од 130 bar со што се овозможуваат разновидни перформанси на чистење. Максималниот проток на пумпата е 380литри на час. Максималната температура на протокот е 40 °C. Постои можност за самостоен довод на вода од 0.5м. Пумпата има 3 цилиндри и изработена од полн метал. Моторот е од сериски тип а уредот има и филтер за вода. Должината на кабелот за напојување е 5 метри. Има рачна моталка за црево, а PVC цревото е долго 6 метри.
Перачот има склоплива рачка со преклопување која може да се продолжи. Рачката е висока 870мм. Перачот има и големи тркала кои овозможуваат поголема подвижност и полесно складирање.
Нивото на звучен притисок е 73 dB(A), нивото на звучна моќност е 86 dB(A).