Електричнa косилка 1.400W ф370мм - Baucentar
Електричнa косилка 1.400W ф370мм

Електричнa косилка 1.400W ф370мм

13690 ден

Нема на залиха

Електрична косилка за трева АРМ 37 која е робусна но лесна за ракување. Се одликува со Powerdrive мотор со високи перформанси и голема моќност од 1.400W. Оваа косилка овозможува лесно и сигурно косење, дури и во поголем обем. Идеална е за градини со било каква големина. Чешлите за трева овозможуваат прецизни резултати долж ивиците на тревникот, на приодните патеки, покрај оградите и ѕидовите. Кутија за трева со волумен од 40 литри која овозможува лесно собирање на искосената трева и поретко празнење на истата.
Системот на сечење е со српест нож, дијаметарот на сечење со нож е 370мм. Косилката е тешка 12кг. Висината на сечење на тревата е од 20 до 70мм. Има оска со пет нивоа за подесување на висината на сечење на тревата. Рачката на косилката е од тип ErgoFlex со што се овозможува удобна и здрава положба за работа. Косилката поседува и прекинувач како заштита при преоптоварување. Има и вградена рачка за носење.
Нивото на звучен притисок е 92 dB(A), нивото на звучна моќност е 96 dB(A).

Бренд

Bosch