Електрична пневматска дупчалка која се одликува со огромна снага и најголема робусност на дупчалката. Поседува мотор со номинална влезна моќност од 1.500W и енергија на ударот од 12.5 Ј. Се одликува со голема стабилност поради отпорните метални компоненти. Има и автоматски прекинувач со блокада за заклучување на режимот на работа со што се постигнува поголема удобност при користењето.
Бројот на удари при номинален број на вртежи изнесува од 1.380 до 2.720 удари во минута. Бројот на вртежи во номинален режим изнесува од 150 до 305 вртежи во минута.
Приклучниот навој на дупчалката е од тип SDS max. Масата на дупчалката е 8,2кг.
Ширината на дупчалката е 116мм, должината е 540мм а висината е 310мм.
Дијаметарот на дупчење во бетон изнесува од 12 до 45мм. Оптималниот дијаметар за дупчење во бетон изнесува од 20мм до 40мм. Максималниот дијаметар на дупчење во ѕид со круни изнесува 45мм. Максималниот дијаметар за дупчење во метал изнесува 13мм а за во дрво изнесува 80мм.