Електрична вибрациона дупчалка која се одликува со најголема брзина во својата класа. Поседува мотор со номинална влезна моќност од 750W заради најголем напредок во работата. Предадената моќност изнесува 380W. Има компактна конструкција и дизајн со што се олеснува ракувањето со истата. Има отпорно метално куќиште со што се зголемува времетраењето на дупчалката.
Бројот на вртежи во празен од изнесува од 0 до 2.800 вртежи во минута. Бројот на удари во празен од изнесува од 0 до 47.600 удари во минута. Номиналниот вртлив момент изнесува 2.3Nm. Приклучниот навој на дупчалката е со димензии од 1/2″ – 20 UNF. Масата на дупчалката е 2,2кг.
Опсегот на затегнување на стезната глава се движи од 1.5 до 13мм.
Ширината на дупчалката е 83мм, должината е 285мм а висината е 214мм.
Дијаметарот на дупчење во бетон изнесува до 16мм. Дијаметарот за во бетон изнесува до 18мм. Максималниот дијаметар на дупчење во метал е 13мм. Максималниот дијаметар на дупчење во дрво е 30мм.
Нивото на звучен притисок е 99 dB(A), а нивото на звучна моќност е 110 dB(A).