Ласер Линиски ГЛЛ 3-80 30-120м - Baucentar
Ласер Линиски ГЛЛ 3-80 30-120м

Ласер Линиски ГЛЛ 3-80 30-120м

27900 ден

Има на залиха

27900 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: 0601063С00 Категории

Линиски ласер за професионална намена. Се одликува со компактност, едноставен е за ракување и е значително робусен. Може да проектира 3 x 360° линии за ново ниво на видливост. Големата визуелна јасност се обезбедува со диодите со голема моќност. 3 x 360° линиите од овој уред овозможуваат истовремена примена за хоризонтално и вертикално нивелирање по целата соба за ефикасно мерење, додека интуитивниот кориснички интерфејс овозможува лесно ракување.
Овој линиски ласер е развиен за поставување на спуштени плафони, за вградување прозорци, за монтирање на полици, за поставување на одводни цевки, за креирање на рамка за сува градба како и за поставување на керамички плочки.

Овој уред е совршен за самостојно нивелирање и е во состојба да изврши самостојно нивелирање на нерамни површини до +/- 4° за помалку од 4 секунди со исклучитено голема прецизност од ± 0,3 mm/m*/**. Има работно подрачје до 120 метри кога се користи опционалниот LR 6 или LR 7 Professional приемникот.

Мерното подрачје на уредот е од 30 до 120 метри. Точноста на мерење е ± 0,3 mm. Има опција за избор на мерните единици.
Работната температура е -10 – 40 °C, а температурата на складирање може да биде од -20 – 70 °C.

Уредот е со ласер од класа 2. Диодата на ласерот е 635-650 nm, 10 mW. Ласерот е со црвена боја.

Напојувањето е со четири батерии 4 x 1.5 V LR6 (AA). Максималното време на работа изнесува 4 часа во мод на работа со 3 линии. Заштитата од надворешни влијанија е од тип IP54.

Масата на уредот е 0.82кг. Навојот на стативот е со големина од 1/4″ и 5/8″.

Бренд

Bosch