Тежнеете кон поголема енергетска ефикасност и помали сметки за електрична енергија? Заменете ги прозорците! - Baucentar
Тежнеете кон поголема енергетска ефикасност и помали сметки за електрична енергија? Заменете ги прозорците!

Тежнеете кон поголема енергетска ефикасност и помали сметки за електрична енергија? Заменете ги прозорците!

Дали сте знаеле дека животниот век на кровниот прозорец е помеѓу 25 и 30 години? Да, вистина е. Исто како што е вистина дека во денешно време прозорците се многу понапредни затоа што се подобрени нивната енергетска ефикасност и изолација. Доколку Вашиот прозорец е стар повеќе од 25 години или повеќе не може да ги исполнува своите основни функции, можете да бидете сигурни дека тоа е знак дека дошло време за замена на Вашиот прозорец. Доколку се одлучите за набавка на најосновниот модел, прозорците од новата генерација се понапредни од нивните претходници; на пример со замена на стариот VELUX кровен прозорец со најевтиниот VELUX Standard кровен прозорец, губитокот на топлина во Вашиот дом ќе се намали за 54%, а може да се намали дури до 60% со понапредните модели Standard Plus прозорци. [1]

Иако би можело да се дискутира за многу причини зашто замената на прозорците е толку важна, предлагаме да започнеме од најочигледното: доколку Вашиот прозорец не е правилно изолиран, во поткровјето може да се потроши непропорционална количина на енергија, што кажува дека вреди да се замени стариот кровен прозорец затоа што со намалување на трошоците за греење, дополнителниот трошок за инвестирање во нов прозорец брзо ќе се надомести. Дали некогаш сте помислиле дека би можеле да заштедите пари со поставување на нов прозорец?

Многумина мислат дека замената на кровните прозорци подразбира многу проблеми, нечистотии и долг процес, но добар мајстор може да го замени прозорецот за ден или два дена, без да извалка наоколу. Уште поважно е дека голем број на производители на прозорци обезбедуваат постпродажна поддршка која можете да ја повикате во било кое време – на пример, VELUX има извонредна продажна поддршка и секогаш сака да им помогне на своите клиенти.

Со оглед на тоа дека 90% од животот го минуваме во затворен простор, битно е да го извлечеме максимумот од нашите простории, и да внесеме што е можно повеќе сончева светлина и свеж воздух бидејќи тие се од суштинско значење за нашата благосостојба. Кога ќе се решите да ги замените кровните прозорци, можете да ја искористите можноста и да одберете поголеми прозорци или да поставите повеќе кровни прозорци  за да се добие поголема осветленост: со додавање на два или три кровни прозорци во просториите можете да создадете услови за двојно или дури и тројно повеќе светлина од претходно.

Еден друг начин на кој можете природно да заштедите е тоа што прозорци oд новата генерација се со подобар квалитет, на пример, основниот изолиран прозорец денес има двојно подобра топлинска изолација отколку било кој друг произведен пред неколку децении. Од 2,8 W/m2K, Uw денес е намален до 1,3 W/m2K – што значи дека значително е намален т.н. коефициент на пренесување на топлината, вредноста Uw која покажува колкава топлина протекува од топлата кон ладната страна на прозорецот, и што резултира со подобрена топлинска изолација. Колку е понизок коефициентот Uw толку е подобро.

Се препорачува новите прозорци да ги опремите со надворешни и внатрешни ролетни бидејќи може да Ви обезбедат целосно затемнување за добар и мирен сон, но исто така и за заштита при паѓање дожд или снег, без нарушување на естетиката во Вашиот дом.

Општо, промените се добри, бидејќи во минатото нешто сте пробале и сега точно знаете што навистина Ви е потребно. Зошто тогаш би ја одложувале промената? Благодарение на новите и современи прозорци, просторијата ќе изгледа поубаво, воздухот ќе биде поздрав, изолацијата ќе биде подобрена и ќе имате намалени трошоци за загревање.