Поблизу до облаците, уште поблизу до Вашите соништа! - Нека Ви се остварат соништата со новата спална соба можеби токму во вашето поткровје. - Baucentar
Поблизу до облаците, уште поблизу до Вашите соништа! – Нека Ви се остварат соништата со новата спална соба можеби токму во вашето поткровје.

Поблизу до облаците, уште поблизу до Вашите соништа! – Нека Ви се остварат соништата со новата спална соба можеби токму во вашето поткровје.

Собата во поткровјето може да биде целосно изолирана од надворешниот свет, создавајќи интима во која во целост можете да се опуштите – звучи како совршен простор за спална соба, нели? Дури и ако сте млади родители, или сте бунтовен тинејџер со сите креативни идеи на светов, или брачен пар во пензија, кој би сакал да го искористи просторот во поткровјето за релаксирање, спалната соба во Вашето поткровје може да стане единствен и уникатен простор за Вас, со интересно уредени ќошиња, агли или архитектонски решенија.Ќе Ви дадеме неколку идеи како Вашата спална соба од соништата да ја претворите  реалност!

Креативноста, полетува како птица

Поткровјето е посебно место и додека го оживувате, можете креативно да се изразите покажувајќи ја својата уметничка страна во создавањето на простор кој ја покажува Вашата личност, а сепак ги задоволува потребите како што се: изборот на стил, темата, боите и мебелот.

Претворањето на поткровјето во симпатична детска спална соба може да биде совршено решение за брачни парови на кои им е потребен дополнителен простор по пристигнувањето на бебето во семејството. Но можеби, во новото поткровје најмногу ќе уживаат тинејџери кои сакаат малку слобода за себе, да уживаат во својот свет, подалеку од сите, дозволувајќи и на креативноста слободно да се развива така што би имале слобода за пуштање гласна музика, за украсување на ѕидовите со постери и слики од своите омилени бендови, за дружење со своите пријатели и разговарање за се и сешто насамо.

Некои луѓе сакаат чист и софистициран дизајн, но Вие во својата спална соба можете да се предизвикате себеси и да биде покреативни! Додадете невообичаен тапет на еден дел од ѕидовите, додадете фотелја или софа со живописни бои за да внесете малку живост во Вашата спална соба! Тоа би можело да биде Ваше ново игралиште, пуштете да работи Вашата фантазија!

Спојување со природата

Можеби ќе биде нова информација за Вас, но природната светлина е од суштинско значење за нашата благосостојба и за нашето расположение кое можеме да го подобриме со повеќе светлина бидејќи со тоа одредени супстанци во нашиот мозок повеќе се лачат кога сме опкружени со сончева светлина. Доколку се вратите на своите корени, и во Вашето поткровје бидете опкружени со природа која изобилува со светлина, без сомневање ќе се чувствувате посреќни и порелаксирани. 

Дали знаете дека кровните прозорци пропуштаат најмалку двојно повеќе светлина од вертикалните прозорци? Препорачуваме внимателно да ги изберете прозорите и да размислите за додавање не само еден, туку на повеќе, на два или три кровни прозорци за да максимално ја зголемите дневната светлина – и секако, да изберете прозорец со најдобар квалитет. На пример, VELUX кровните прозорци се елегантни – може да се изберат во верзија со премаз од бел полиуретан или од природно дрво – и прозорци со одличен квалитет кои овозможуваат преубав поглед кон небото – овозможувајќи Ви да се чувствувате поблизок со природата.

Повеќе на VELUX кровни прозорци.

Спијте како бебе

Спиењето отсекогаш била фасцинантна тема за разговор. Дали сте знаеле дека околу 1/3 од нашите животи ги минуваме во спиење? Квалитетот на Вашиот сон е клуч на нашето регенерирање, концентрација и расположение, така да треба да се погрижиме за тоа каде и како ја минуваме ноќта во спиење.Мракот во спалната соба е од најголемо значење, бидејќи истражувањата покажуваат дека прекумерното осветлување на собата пред спиење доведува до одложено и скратено создавање на мелатонин кој ја поттикнува поспаноста. Доколку сакате целосен мрак во Вашата спална соба, Ви препорачуваме вградување на VELUX ролетни за целосно замрачување. Нека вашето поткровје функционира како ловец на соништа за мирен, спокоен и длабок сон!

Одмарајте се како на облаци

После долгиот и напорен ден, машината за перење се уште брмчи, телефонот ѕвони, децата викаат гласно и главата сака да експлодира. Нема каде да се повлечеме и почнуваме да губиме контрола над себе. Сите ние ова го доживуваме во забрзаното темпо на живеење околу нас па станува значајно да се фокусираме на релаксирање.

За да се релаксираме, потребно ни е место за опуштање, спална соба која е функционална, но во исто време функционална за да навистина ни овозможи одмор. За ова препорачуваме спалната соба да ја поставите на најоддалечената точка во Вашата куќа, далеку од сите бучни апарати, така да за времето на одмор, никој нема да ви пречи.

Се на се, со одредена креативност, секоја соба во поткровје може да се претвори во пријатно, и привлечно место, каде ќе ви биде пријатно да се вратите и да се одморите по напорниот ден. Затоа Ве охрабруваме да ја искористите Вашата фантазија и да бидете креативни, и овој драгоцен простор да го претворите во гостољубив, безгрижен, креативен и релаксирачки простор, место каде навистина можете да се чувствувате дека сте на најдоброто место на светот!