Кое е најдоброто време за миење на куќата под притисок и на што да обрнете внимание пред да започнете? - Baucentar
Кое е најдоброто време за миење на куќата под притисок и на што да обрнете внимание пред да започнете?

Кое е најдоброто време за миење на куќата под притисок и на што да обрнете внимание пред да започнете?

миење под притисок
миење под притисок

Куќите се полнат со нечистотии во текот на целата година, најчесто од прашина, мувла, алги, инсекти и мноштво други штетни материи. Ова предизвикува насобирање на секакви нечистотии и дамки на фасадата од куќата, дворот и покривот. Па, како да го спречиме тоа? Одговорот е секако, редовно и правилно одржување. Секој дом има корист од редовното миење под притисок, а придобивките се подлабоки од она што го гледате на површината. 

Ако сте како повеќето сопственици на куќи, веројатно не размислувате за миење под притисок на вашиот дом, сѐ додека не биде неопходно. Сепак, кога ќе одлучите, може да биде тешко да знаете точно кога е најдоброто време да се направи тоа.

Во зависност од вашите интереси, миењето под притисок може да биде една од вашите омилени или една од најмалку омилените задачи во домот. Без разлика на сѐ, за правилно одржување на вашиот дом миењето под притисок е неопходно.

Прашањето што најчесто се поставува е „кога е најдобро време за миење на куќата под притисок“ и „колку често треба да го правиме ова“? Одговорот е едноставен. За најдобри резултати, миење на куќата под притисок треба да се практикува најмалку еднаш или двапати годишно.

Во зависност од климата и условите, најдобро време за миење под притисок на вашиот дом се пролетните и летните месеци. Секако, можете да почнете уште во март, па сѐ до крајот на октомври.

Сепак, периодот од годината не е единственото нешто што треба да се земе предвид при миење под притисок. Во продолжение ви претставуваме листа на фактори за кои треба да размислите пред да се одлучите за тоа.

миење под притисок

Време од денот

Ако можете, практикувајте миење на куќата под притисок на директна, силна сончева светлина за најдобра видливост. Ако е облачно или е подоцна во текот на денот, сенките може да ги прикријат валканите дамки, што резултира со нерамномерно чистење. Директната, силна сончева светлина исто така може да помогне водата што ја користите да се исуши побрзо. 

Миењето под притисок ноќе не е добро заради постигнување на ефикасни резултати, како и заради ваша безбедност. Во ноќните часови, видливоста е намалена, па можеби нема да можете да видите гранчиња или други отпадоци наоколу, па дури можете и да се повредите.

Температура

Најпогодна температура при миење под притисок е помеѓу 10 и 25 °C. Ако е премногу студено, водата може да замрзне при контакт и да го оштети вашиот дом. Ако е премногу жешко или при екстремни температури, треба да го одложите миењето. Топлината може да предизвика пребрзо испарување на средствата за чистење во растворот, што ги прави помалку ефикасни.

Временски и климатски услови 

Ако е можно, избегнете миење под притисок на вашата куќа на ниски температури, под 10°C. Најдобро време за миењето е сончев ден со минимална покриеност со облаци.

Исто така, перењето за време на големи бури или молњи не е пожелно. Никогаш не знаете кога ѓубрето може да падне и да ве повреди, силниот ветер може да донесе уште повеќе нечистотии за кратко време, или уште полошо, невремето може да го уништи вашиот уред под притисок.

Површини и материјали

Пред да започете со темелно миење на домот под притисок, секогаш треба да размислите за тоа каков тип на површини и материјaли сакате да исчистите. Некои видови површини се понежни од другите и бараат понизок притисок и понежни средства за чистење. 

Дури и ако се работи за површини од камен или бетон, треба да внимавате при миење под притисок бидејќи погрешните поставки може да го оштетат материјалот. Најдобро е пред да започнете, да го прочитате упатството на вашиот уред за миење, како и на средствата кои ги употребувате или да се консултирате со професионалец кој ќе ви помогне да ги постигнете најдобрите резултати. 

миење под притисок

Како и да е, миењето на куќата под притисок има големи предности и придобивки. Сега кога го знаете најдоброто време да ја измиете куќата под притисок и на што треба да размислите пред да започнете, време е да се фатите за работа! 

Се надеваме дека овој блог ќе ви помогне да ја разберете вредноста на редовното миење на вашиот дом, а доколку ви се потребни квалитетни уреди кои ќе ви овозможат ефикасни резултати, Кармен Бауцентар располага со широка палета на перачи под притисок од најдобрите европски брендови. Погледнете го асортиманот на следниот линк