Намена:
Подна решетка со димензии на рамката од 150х150мм и отвор со дијаметар од 130мм. Подна решетка за сливник која е наменета за вградување во купатила и други санитарни простории во станбени, станбено-деловни и во помали индустриски објекти. Се карактеризира со компактни димензии и привлечен дизајн, како и голема пропусна моќ за одведување на отпадните води. Се состои од рамка и од решетка, а се одликува со едноставна монтажа и едноставно чистење на сливникот.
Квалитетот на лимот од кој се изработува решетката гарантира отпорност и постојаност на киселини и слични средства кои се користат за чистење на бањи и санитарни јазли.
Изработка:
Подната решетка е изработена од прохромски, немагнетичен, киселоотпорен лим со дебелина од 0.6мм за рамката на сливникот и лим со дебелина од 0.8мм за решетката.
Површинска заштита:
Овој вид на материјал не бара дополнителна површинска заштита.
Начин на вградување:
Препорачлив начин на вградување на подните решетки е со помош на малтер, со лепило за плочки или со некое друго врзивно средство. Овој модел на подна решетка може многу лесно да се вгради во веќе постоечки подни сливници.