Дигитален агломер наменет за прецизно мерење и пренос на агли. Се користи за професионална намена. Опсегот на мерење изнесува од 0° – 220° и со должина на кракот од 40см. Има интегрирана функција за прецизна пресметка на едноставни и сложени површини под агол. Практичен лизгачки продолжеток на кракот за мерење на тешко достапни места. Може да се користи за поставување на лајсни на под, за лајсни на плафон, за подови и плочки.
Мерното подрачје на уредот е со опсег од 0° – 220°. Точноста на мерење на аголот е ± 0,2°. Точноста на пресметка на аголот е ± 0,1°.
Точноста за мерење на либелата е 1.5.
Уредот има автоматско исклучување после 5 минути неактивно користење.
Напојувањето е со две батерии 2 x 1.5 V LR6 (AA). Времетраењето на батеријата изнесува 25 работни часа.
Масата на уредот е 0.89кг.
Должината на уредот е 425мм, ширината е 58мм а висината е 41мм.