Neo Hidro Duo е двокомпонентен хидроизолационен премаз.
ПРИМЕНА
Двокомпонентен хидроизолационен, флексибилен полимер-цементен премаз за вертикална и хоризонтална заштита на површини од влага. Се употребува за хидроизолација на потенцијално влажни простории: кујни, бањи, туш кабини, базени, подрумски површини, тераси итн. Наменет е за надворешна и внатрешна употреба, за позитивен и негативен притисок ≤ 1,5 bar.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која ќе биде нанесен Neo Hidro Duo треба да е цврста, без прашина, без мрсни дамки, без мувла и без лошо врзани делови. Мазни слабовпивливи бетонски површини треба да се премачкаат со структурна подлога. Премазот се подготвува со додавање на прашкастата компонента A во течната компонента Б, и се меша додека не се добие хомогена смеса. Смесата се остава да отстои околу 5 мин. и потоа повторно се меша. За првиот слој, во смесата може да се додаде до 10 % вода. Подготвената смеса треба да биде потрошена во рок од 1 час. Премазот се нанесува со четка во два слоја (по потреба и три), со вкрстена постапка на мачкање, сé додека површината не биде целосно покриена. Дебелината на еден слој приближно изнесува 1 mm, а вториот слој се нанесува откако претходниот ќе зацврсне. Хидроизолациониот премаз треба да се заштити од брзо сушење (сонце, ветер).
Температура на примена
Од +5°C до +25°C.
ПОТРОШУВАЧКА:
За 1,5-2,0 кг/м2 зависно од квалитетот на подлогата.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор на палети