Октомври – месец на попусти во Кармен Бауцентар Охрид - Baucentar
Октомври – месец на попусти во Кармен Бауцентар Охрид

Октомври – месец на попусти во Кармен Бауцентар Охрид

Октомври, месецот на попусти пристигнува во Кармен Бауцентар во Охрид! 

Со огромно задоволство ви најавуваме голем настан кој ќе се одржи на 17ти и 18ти Октомври во продажниот салон на Кармен Бауцентар во Охрид, каде ќе бидат претставени висококвалитетни производи и алати од светски познати брендови достапни со ексклузивни попусти. 

Ова е одлична прилика да ги обновите или надградите вашите алати и да ги истражите најновите иновации во областа на градежните материјали од најдобрите брендови на пазарот.

Во рамките на настанот ќе биде презентирана широка понуда на висококвалитетни производи и алати од светски познатите брендови Dewalt, Stanley и Bosch со попусти до 25%. 

Како посебна прилика за корисниците на професионалните алати на Bosch, ќе биде присутно демо комби возило со различни типови на алати на Bosch, каде ќе бидат презентирани последните достигнувања и новитети кај електричниот и батерискиот алат. Искористете ја оваа прилика да се консултирате со професионалци од олбаста и да добиете детална обука, инструкции или совети за сѐ што ве интересира во врска со алатите на Bosch.

За сите корисници на електричен алат за секојдневна употреба, подготвивме распродажба на одбрани парчиња алати и прибор од брендовите Verto и Graphite со неверојатни попусти до 45%.

Покрај алатите, ви нудиме и исклучителни попусти на фасадни системи од висококвалитетниот бренд Bekament, како и на системи за сува градба од светски познатиот бренд Knauf. Ова е прилика да го подобрите квалитетот на вашите градежни проекти и да ги искористите перформансите на едни од најдобрите брендови во градежната индустрија.

Не ја пропуштајте специјалната промоција на светски познатите брендови Velux и Soudal, кои ги нудат најновите иновации во областа на градежните материјали.

Ве повикуваме да ни се придружите на дводневниот настан во Кармен Бауцентар Охрид и да бидете дел од модерното градежништво со ексклузивните понуди од светски реномирани брендови. Нашите стручни тимови се на располагање да ви помогнат во секој чекор од вашите проекти.

17ти и 18ти Октомври 

Кармен Бауцентар Охрид

Ул. Железничка бр. 3