Кој ламинат е најадекватен за Вашиот простор?

Кој ламинат е најадекватен за Вашиот простор?

Што претставува AC систем за рангирање на ламинатни подови?

Како потврда за трајноста на еден ламинатен под воведена е Абразиона класа (Abrasion Class – АC). На пазарот со ламинати, абразионата класа е многупопозната како АC ранг. Системот за AC рангирање е за прв пат воведен од Асоцијацијата на Европски Производители на ламинат (ELPF) но подоцна станува стандарден систем за рангирање на ламинатите во целиот свет. AC рејтингот за ламинатот е одличен показател за тоа колку добро еден ламинатен под ќе се однесува во станбени или во комерцијални простории, па затоа еодлична идеја да го проверите рејтингот на ламинатот пред да се одлучите за набавка.

Како се рангираат ламинатните подови?

Ламинатните подови добиваат одреден AC рејтинг врз основа на перформансите кои ќе ги покажат во одредени специфични тестови: флекање, удар, топлина, влага, гребење и стружење. Според тоа како ламинатот ќе се однесува при секој од овие тестови, така ќе се одреди неговиот AC рејтинг. Доколку ламинатот не помине барем еден од овие тестови на издржливост, тогаш ламинатот автоматски се означува како неадекватен за сертификација и се означува како нерангиран. Наша препорака е секогаш да избегнувате ламинат кој не е рангиран.
Што значат поединечни АC рејтинзи

Скала на рангирање ламинат

AC рејтинзите за ламинатни подови честопати можете да ги сретнете во разни форми или претставени сликовите на различни начини. Во најчест случај, производителите на ламинат ги користат следните ознаки: АC1, AC2, AC3, AC4 или AC5. Во други случаи, тие користат сликички за приказ на AC рејтингот. На сликата погоре можете да видите неколку различни икони за означување на рејтинзите.

Сликичките со кои се прикажани AC рејтинзите може да прикажуваат тип на зграда (станбена куќа или деловна зграда), или пак број на луѓе (1, 2 или 3). Типот на зградата означува дали ламинатниот под се препорачува за вградување во станбени или во деловни објекти, додека бројот на луѓе означува дали ламинатот е наменет за лесно (1), средно (2) или за тешко (3) оптоварување, односно во простории со мал, среден или со зголемен проток на луѓе. Затоа:

– Ламинатни подови со рејтинг AC1 се адекватни за употреба во станбени простории со мало оптоварување односно многу мал проток на луѓе. Овде спаѓаат спални соби или на гостински соби.
– Ламинатни подови со рејтинг AC2 се адекватни за употреба во станбени простории со средно отповарување. Овде спаѓаат трпезарии и дневни соби.
– Ламинатни подови со рејтинг AC3 се адекватни за употреба во станбени простории со зголемено отповарување. Овде спаѓаат било кои простории од домови за живеење, како и хотелски соби или помали канцеларии.
– Ламинатни подови со рејтинг AC4 се адекватни за употреба во деловни простории со средно оптоварување. Овде спаѓаат прометни деловни простории, како и кафе барови или продажни салони.
– Ламинатни подови со рејтинг AC5 се адекватни за употреба во деловни простории со зголемен проток на луѓе. Овде спаѓаат јавни згради, магацини или изложбени салони.
– Ламинатни подови со рејтинг AC6 се адекватни за употреба во било какви услови и простории за било каква намена.

На секој од ламинат кој ние го нудиме во продажба од производителот Swiss Krono можете да го најдете доделениот AC рејтинг, само треба да ја прочитате етикетата на пакувањето.