ПРИМЕНА
Акрилна дисперзиона боја со микровлакна наменета за заштита и декорација на нови и стари фасадни површини. Произведена на база на висококвалитетни суровини, се карактеризира со одлична моќ на прекривање и водоотпорност, отпорна е на UV зрачење и атмосферски влијанија. Овој производ служи за добро премостување и за пополнување на тенки пукнатини во малтерот (max. 0,5 mm), а спечува и појава на дополнители пукнатини на завршните површини.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува дисперзијата мора да е цврста, чиста, сува и да биде премачкана со BK-MicroGrund Universal подлогата. Бојата се подготвува со додавање 5-10% вода (0,25-0,5 l вода за пакување од 5 kg, 0,4-0,8 l вода за пакување од 8 kg, 1,25-2,5 l вода за пакување од 25 kg), и со добро мешање додека смесата целосно да хомогенизира. Вообичано е BK-MicroFas Acryl да се нанесува во два слоја, со помош на ваљак со долги влакна, со вкрстена постапка. Вториот слој се нанесува откако претходниот целосно ќе биде исушен за што под нормални услови (Т=+23-25°C, релативна влажност на воздухот = 50-60%) е потребно 4-6h. Доколку се применува врз континуирани површини, потребно е да се работи рамномерно, без прекин, со “полн ваљак”, за да се одбегне полнилото да се групира на едно место. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист на производот.
ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од +5°C до +30°C. Да не се работи на директно сонце, за време на дожд и силен ветер.
ПОТОШУВАЧКА
Околу 0.4-0.45 kg/m², во зависност од впивањето и рапавоста на подлогата.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.