Фасаден Силикатен Малтер База 2.0мм Rajb 25кг - Baucentar
Фасаден Силикатен Малтер База 2.0мм Rajb 25кг

Фасаден Силикатен Малтер База 2.0мм Rajb 25кг

2755 ден

Има на залиха

2755 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-S Plast е фасаден малтер на силикатна база.

ПРИМЕНА
Tенкослоен силикатен декоративен малтер во форма на паста наменет за заштита на фасадни ѕидни површини. Се одликува со добра адхезија на подлогата, одлична обработливост, висока цврстина, незапаливост и добра паропропусност. Отпорен е кон UV зрачење и атмосферски влијанија. Поради своите карактеристики, се препорачува при санација на стари објекти и за заштита на споменици на културата.

СТРУКТУРАТА НА МАЛТЕРОТ
Rajb (зарибана – rille) и Full (полна – kratz).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која малтерот се нанесува мора да биде цврста, чиста, сува и премачкана со подлогата BK-Grund Silicat. Пред да биде нанесен, BK-S Plast треба да се промеша и по потреба да се разреди со мало количество вода (1-2 %, 0,25-0,5л вода). Малтерот се нанесува со челична глетарка со дебелина на најкрупното зрно. Во зависност од саканата структура, малтерот потоа се обработува со пластична глеталка и тоа: Full структура – се структурира веднаш по нанесувањето со кружни движења, Rajb структура – се структурира кратко по нанесувањето со кружни движења додека не се постигне саканата структура. Врз континуални ѕидни површини, потребно е да се работи рамномерно и без прекини. Доколку се работи врз континуални фасадни површини, потребно е содржината на материјалот од повеќе канти да се измеша, за да се постигне егализација на материјалот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од +15°C до +30°C, релативна влажност max. 70 %. Да не се работи на директна сончева светлина, за време на дожд или силен ветер. Фасадата соодветно да се заштити со мрежи. Висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на врзувањето на малтерот.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 2.4-3.3 kg/m², во зависност од структурата и гранулацијата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

Бренд

Bekament