Штуцна За Оџак Кружна ф118х80мм Бела

Штуцна За Оџак Кружна ф118х80мм Бела

190 ден

Нема на залиха

Намена:
Штуцна за оџак кружна со дијаметар од 118мм и отвор со дијаметар од 80мм со капаче. Претставува дел од димоводната инсталација и наменета е за приклучување на димоводни цевки со дијаметар од 80мм, која потоа ги одведува гасовите од уредите за ложење во оџакот и потоа во атмосферата.
Се одликува со голема постојаност на зголемени температури, постојаност на чад и корозија како и постојаност на кондензат.
Во зависност од дијаметарот на оџакот, како и од начинот на вградување, се применува за вградување во станбени станбено-деловни и индустриски објекти во преградни или на надворешни ѕидови.
Изработка:
Штуцната е изработена од ладно валан лим со дебелина од 0.6 мм со метода на длабоко извлекување.
Површинска заштита:
Површинската заштита на овој производ се врши со пластифицирање. Со премачкувањето со боја се постигнува квалитетна заштита на металните делови од корозија. Производот има глатка и сјајна површина (>80%). Со пластифицирање се добива заштитен слој со дебелина од 60-80 μm, кој е постојан на температури во интервал од -40 до +200ºC.
Начин на вградување:
Препорачлив начин на вградување на овој тип на штуцна е со монтирање со помош на малтер или некое друго врзивно средство.

Бренд

Anko