BK-Sil е фасаден малтер на силиконска база.
ПРИМЕНА
Висококвалитетен силиконски декоративен малтер во форма на паста. Малтерот се карактеризира со добра паропропусност, исклучителна способност за обработување, водоотпорност и отпорност кон UV зрачење и атмосферски влијанија.
СТРУКТУРАТА НА МАЛТЕРОТ
Rajb (зарибана – rille) и Full (полна – kratz).
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која малтерот ќе биде нанесен мора да биде цврста, чиста, сува и премачкана со BK-Grund Universal подлога. Пред да биде нанесен, BK-Sil треба да се промеша и по потреба да се разреди со мало количество вода до 1% (0,25 л вода). Малтерот да се нанесува со челична глетарка со дебелина на најкрупно зрно. Во зависност од саканата структура, малтерот потоа се обработува со пластична глетарка и тоа: Full структура – веднаш по нанесувањето да се структурира со кружни движења, Rajb структура – кратко по нанесувањето да се структурира со кружни и прави движења додека не се постигне саканата структура. Врз континуални ѕидни површини, потребно е да се работи рамномерно и без прекини.
НАПОМЕНА
Доколку се работи врз континуални фасадни површини, нужно е содржината на материјалот од повеќе канти да се измеша, за да се постигне изедначување на материјалот.
ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од +5°C до +30°C. Да не се работи на директна сончева светлина, ниту за време на дожд или на силен ветер. Фасадата соодветно да се заштити со мрежи. Висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на врзувањето на малтерот.
ПОТРОШУВАЧКА
Околу 2.3-3.2 kg/m², во зависност од структурата и гранулација.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од смрзнување.