Фасаден Акрилен Малтер База 2.0мм Full 25кг - Baucentar
Фасаден Акрилен Малтер База 2.0мм Full 25кг

Фасаден Акрилен Малтер База 2.0мм Full 25кг

2195 ден

Има на залиха

2195 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-Plast е фасаден малтер на акрилна база.

ПРИМЕНА
Tенкослоен декоративен малтер во пастозна состојба изработен на база на високо квалитетна акрилна емулзија, наменет за заштита на фасадни ѕидни површини. Се одликува со добра адхезија на подлогата, одлична обработливост, висока цврстина и водоотпорност.

СТРУКТУРАТА НА МАЛТЕРОТ
Rajb (зарибана – rille) и Full (полна -kratz).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува малтерот треба да биде цврста, чиста сува и премачкана со BK-Acryl или BK-Grund Universal подлога. Пред да биде нанесен, BK-Plast треба добро да се промеша и по потреба да се разреди со мало количество вода ~1% (25kg во околу 0,25l вода). Малтерот да се нанесува со челична глетарка со дебелина на најкрупно зрно. Во зависност од саканата структура, малтерот потоа треба да се обработи со пластична глетарка и тоа: Full структура – се структурира веднаш по нанесувањето со кружни движења, Rajb структура – се структурира кратко по нанесувањето да се структурира со кружни или прави движења додека не се постигне саканата структура. Врз континуални ѕидни површини, потребно е да се работи рамномерно и без прекини.

НАПОМЕНА
Доколку се работи врз континуални фасадни површини, нужно е содржината на материјалот од повеќе канти да се измеша, за да се постигне изедначување на материјалот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од +5°C до +30°C. Да не се работи на директна сончева светлина, ниту за време на дожд или силен ветер. Фасадата соодветно да се заштити со заштитни мрежи. Висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на врзувањето на малтерот.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 2.3-3.3 kg/m², во зависност од структурата и гранулацијата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од смрзнување.

Бренд

Bekament