БК Фас Колор е нијансирана дисперзиона боја во црвена нијанса и е главно наменета за фасадни површини. Изработена е врз база на висококвалитетна акрилна емулзија. Се применува како декоративна заштита на елементи врз нови, квалитетни, но и врз стари фасадни површини. Може да се користи и како средство за нијансирање на дисперзиони бои и фасадни малтери. Се карактеризира со одлична водоотпорност, отпорна е на UV зрачење и на атмосферските влијанија. Поради големата отпорност, бојата е погодна и за примена на внатрешни ѕидови во јавни објекти.
Подлогата врз која се нанесува дисперзијата мора да е цврста, чиста, сува и претходно да е премачкана со БК Акрил подлогата.
ПОДГОТВУВАЊЕ НА БОЈАТА
Со додавање на max. 5-10 % вода (50-100 ml на 1кг), добро се промешува сé додека не се постигне целосна хомогенизација на смесата. БК Фас Колор се нанесува во два слоја, најчесто со помош на валјак со долги влакна. Вториот слој на дисперзијата се нанесува откако првиот целосно ќе се исуши за што под нормални амбиентални услови (Т=+23°-25°C, релативна влажност на воздухот 50-60 %) се потребни 4 до 6 часа. Врз континуирани површини потребно е да се работи рамномерно и без прекин.
ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Производот е најдобро да се применува на температура од +5°C do +30°C. Да не се работи при директно сончево зрачење, за време на дожд ниту при силен ветер.
ПОТРОШУВАЧКА
Кога се употребува за тонирање, потрошувачката зависи од посакуваната нијанса, а доколку се употребува како самостојна боја, потрошувачката е околу 0.25 kg/m², во зависност од впивливоста и рапавоста на подлогата.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци доколку е спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од замрзнување.