Структурна Подлога За Мазни Површини 20кг - Baucentar
Структурна Подлога За Мазни Површини 20кг

Структурна Подлога За Мазни Површини 20кг

2510 ден

Има на залиха

2510 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-Beton Kontakt е структурна подлога за мазни површини.

ПРИМЕНА
Структурна подлога наменета за зголемување и изедначување на лепливоста кај подлоги со висока густина коишто слабо впиваат и тоа пред малтерисување со цементо-варови и гипсено-варови малтери. BK-Beton Kontakt се препорачува особено за мазни бетони, како и за фабрички готови бетонски површини. Се користи и како подлога кај системот за лепење плочка врз плочка.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува BK-Beton Kontakt треба да е цврста, сува и без прашина. BK Beton Kontakt пред употреба треба добро да се хомогенизира и по потреба да се разреди со вода, во мала количина (max. 1%). Подлогата се нанесува на ѕидот со долговлакнест валјак или со четка во еден слој. Постои можност и за машинско нанесување со соодветна опрема. Подлогата да се суши најмалку 4 часа пред да се нанесе малтерот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од +5°C do +30°C. Да не се работи при директно сончево зрачење, за време на дожд и силен ветер.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 0,5 kg/m2.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

Бренд

Bekament