Сиви работни панталони со прерамки со стандардна големина М или 50 кои се прикладни за секакви работни обврски, било професионални или аматерски. Должината на ногавицата од внатрешната страна изнесува 46см. Ширината на панталоните во висина на куковите изнесува 77см а во висина на стомакот изнесува 106см. Изработени се од висококвалитетен материјал и зајакнати се со шиење на пооптоварените делови. Тројниот штепуван материјал обезбедува подолго траење на материјалот а деловите покриени со рефлектирачки материјал овозможуваат полесна видливост на работникот. Цврстите џебови може да се наполнат со голем и тежок волумен, и во нив може постојано да се носи тежок алат. На предниот дел на панталоните има џеб за смарт телефон во кој што собира телефони со поголема димензија. Делот кај колената се така изработени да може лесно да се додадат штитници за колена со што се олеснува работењето во специфични ситуации. Квалитетот на овој производ е загарантиран со Европски сертификат за квалитет, а производниот процес е во согласност со EN ISO 13688:2013 стандардот. Платното е со дебелина од 267 г/м2. Материјалот содржи 65% полиестер и 35% памук. Панталоните се спакувани во цврсто најлонско пакување.
- Не можете да ја додадете таа количина на „Акрилна Боја Во Спреј 400мл Светло Кафена Чоколадо RAL8017“ во кошничката затоа што нема доволно залиха (преостануваат .
Работни Панталони Со Прерамки Сиви М/50
2000 ден
Во кошничкаРаботни Панталони Со Прерамки Сиви М/50
2000 ден
Има на залиха
Шифра: 81-240-М
Категории Лична заштитна опремаПанталониПроизводи