Премаз За Метал 3во1 750 мл Златна - Baucentar
Премаз За Метал 3во1 750 мл Златна

Премаз За Метал 3во1 750 мл Златна

545 ден

Има на залиха

545 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

БК Металукс 3во1 е брзосушечки завршен премаз метални површини со нијанса на златна боја. Овој премаз во себе содржи и ситни метални струготини кои на третираната површина и даваат специфична релјефна структура.

ПРИМЕНА
Се користи како замена за три различни премази: антикорозивен, основен и завршен премаз. Има добра покривна моќ, разлевање и пополнување. Се карактеризира со исклучителна тврдост, еластичност, адхезија, отпорност на удар и заштита од атмосферски влијанија. Идеален е за боење на ковано железо додека на обичниот метал му дава ефект на кован. При тоа, одлично ги отстранува недостасоците во врска со нерамнините на металот (без подлога).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Meталната површина на која се нанесува бојата не бара посебно чистење од корозија. Потребно е да се отстрани најгрубиот трошен слој од рѓа и металот добро да се одмасти и исчисти, а потоа да се нанесе боја.

Пред употреба содржината во кантичката да не се разредува при нанесување со четка, додека при користење на пиштол се разредува со BK-RX максимум 5% (37,5 ml). Потоа, бојата се нанесува во два слоја, првиот со сенчење, а вториот да биде подебел слој, дебелината на наносот да биде 120 микрони, што е доволно за да се сопре понатамошниото навлегување на корозија. Вториот слој потребно е да се нанесе најдоцна 7 часа од нанесувањето на првиот слој. Бојата може да се нанесува со четка, ваљак или пиштол (ø 2,5).

Пред да се употреби, содржината во кантичката треба добро да се промеша.

ПОТРОШУВАЧКA
Околу 90-95 ml/m2 за премачкување во еден слој.

ПАКУВАЊЕ
Премазот е спакуван во лимена кантичка и содржи 750мл премаз.

Бренд

Bekament