Подлога за впивливи површини 10кг - Baucentar
Подлога за впивливи површини 10кг

Подлога за впивливи површини 10кг

2295 ден

Има на залиха

2295 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-Nivelator е подлога за површини кои нерамномерно впиваат

ПРИМЕНА
Длабински премаз наменет за изедначување и за неутрализација на површини кои впиваат нерамномерно, како што се гас бетон, тула, порозен камен итн. Се употребува како подлога кај површини кои имаат својство на високо впивање, пред да бидат малтерисани со цементо-варов малтер и гипсено-варов малтер, а со цел да се попречи нерамномерно сушење и пукање на малтерот, како и пред мазнење на такви површини со глет смеси.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува премазот мора да е цврста, сува и без прашина. BK-Nivelator се подготвува со разредување со вода во сооднос 1:6 до 1:10 (премаз:вода), во зависност од впивањето на подлогата. При употреба врз подлоги кои имаат својство на високо впивање, премазот се разредува помалку. Премазот се нанесува со користење на валјак, со помош на четка или со прскалка. Доколку се применува на површини со високо ниво на абсорпција, премазот може да се нанесе двапати, по принципот „мокро на мокро„.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од +5°C до + 30°C. Да не се работи директно на сонце, дожд ниту при силен ветер.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 30-60 g/m2 , во зависност од впивањето на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

Бренд

Bekament