Кончан валјак изработен од велур влакно кој може да се користи за поширока намена за нанесување на лакови на рамна подлога, за емајл бои и за полиестерни бои. Вкупната работна должина на валјакот е 250мм, а пречникот на средиштето е 48мм.
Должината на влакното на валјакот е 5мм што значи дека овој валјак е идеален за нанесување на лакови врз рамни подлоги. Самиот валјак е изработен е со процес на термофузија што значи дека лепењето на влакното на валјакот е извршено под многу висока температура. Валјакот обработен со термофузија има кратки влакна на краевите кои ја следат линијата на средиштето со што се исклучува можноста за ненамерно преминување на бојата на соседниот ѕид.
Бренд
Mimont
