Кончан валјак изработен од велур влакно кој може да се користи за специјална намена за нанесување на емајл бои. Вкупната работна должина на валјакот е 180мм, а пречникот на средиштето е 41мм.
Должината на влакното на валјакот е 5мм што значи дека овој валјак е идеален за нанесување на акрилни бои врз рамни подлоги. Самиот валјак е изработен е со процес на термофузија што значи дека лепењето на влакното на валјакот е извршено под многу висока температура. Валјакот обработен со термофузија има кратки влакна на краевите кои ја следат линијата на средиштето со што се исклучува можноста за ненамерно преминување на бојата на соседниот ѕид.
Со валјакот следува и рачка во комплет.
Бренд
Mimont
