Минералната Волна ОДЕ Лунафлекс е произведена со загревање на силикатен песок на многу висока температура до точка на топење и потоа извлекување во стаклени влакна. Производот е во облик на филц во ролна со дебелина од 5см.
Термичка спроводливост е количеството на топлина кое се пренесува низ двете надворешни површини од филцот со површина од 1м2 кога тие се пралелни меѓу себе и се на растојание од 1м, а кога температурата на двете паралелни површини се разликува за 1 Келвинов Степен. Единица мерка за оваа топлинска спроводливост е W/mK.
Оваа вредност е најважната карактеристика на термички изолационите материјали. Колку пониска вредност на термичката спроводлист, толку поголема отпорност на трансферот на тоиплина помеѓу двете површини.
ОДЕ Лунафлекс има коефициент на термичка спроводливост од Л = 0.032 – 0.044 W/mK.
ОДЕ Лунафлекс минералната волна има А I класа на согорување, каде спаѓаат несогорливите материјали според стандардот TS EN 13501-1.
За задаржување на наведените карактеристики на минералната волна, се препорачува ОДЕ Лунафлекс да се користи во средини со температурен опсег од -50 до +250 Целзиусови степени.
Филцот од Минерална Волна ОДЕ Лунафлекс е со дебелина од 5см и е спакувана во бала со вкупна површина од 18м2.