Опис на производот
УРСА Изолационен филц DF 42 е изработен од минерална волна. Има дебелина на филцот од 5см и површина од 16.80м2 во едно пакување. Претставува незапалив и високо компримиран изолационен филц за топлинска и звучна изолација на дрвени конструкции.
ПРИМЕНА
Може да се користи за изолација на дрвена непроодна кровна плоча, како и за изолација на ндворешен ѕид со дрвена конструкција.
КАРАКТЕРИСТИКИ
Номинална вредност на топлинска спроводливост λD = 0,042 W/mK
Реакција на пожар – Еврокласа А1 (незапалив)
Извонредна звучна изолација Afr ≥ 5
Порозен
Максимална температура на издржливост е 200С