Лепило За Стиропор 25кг - Baucentar
Лепило За Стиропор 25кг

Лепило За Стиропор 25кг

400 ден

Има на залиха

400 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-StirolFix Base е лепило за лепење стиропорни плочи.

ПРИМЕНА
Лепило на основа на цемент, наменето исклучиво за лепење EPS плочи врз различни минерални подлоги. Производот не е наменет за вметнување на арматурна мрежичка и за израмнување на целокупни фасадни површини. Производот се користи како компонента за лепење на EPS плочи, во рамките на Bekatherm Standard системот за топлинска изолација.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која лепилото се нанесува треба да е цврста, чиста, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Мазните, слабо апсорбирачки бетони, со остатоци од нечистотии, неопходно е да се исчистат со млаз врела вода, а потоа да се изврши грундирање со BK-Beton Kontakt, ден пред лепење на EPS плочи. На нови ѕидови од цигли не е неопходно да се нанесува темелен премаз. Во случај на лепење на EPS плочи на ѕидови од гас-бетон се препорачува премачкување со BK-Nivelator според упатството за употреба.

Прашокот се додава во околу 26-28% вода ( 25kg прав во околу 6,5-7l вода) додека не се постигне целосна хомогенизација. Смесата треба да отстои 10-тина минути, а потоа повторно да се промеша за да се добие соодветна густина на лепилото и истото да биде без грутки. Подготвеното лепило за лепење се нанесува по рабовите на EPS плочата и три топки во средината на плочата, со дијаметар од околу 10 cm. Лентите по работ на плочата треба да се нанесуваат во ширина од мин. 5 cm и дебелина од 1.5-2.0 cm. Откако ќе се сушат мин. 2 дена, плочите може да се типлуваат, што е неопходно во системот со BK-StirolFix Base лепак.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Oптимални временски услови: температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +30°C. Можност за типлување по 2 дена при сушење на оптимални услови (23°C и 50-60% р.в.в.).

ПОТРОШУВАЧКА НА МАТЕРИЈАЛ
Ооколу 5-6 kg/m² во зависност од квалитетот на подлогата и сл.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор на палети.

Бренд

Bekament