BK-StirolFix Special е високо-флексибилно лепило за лепење на стиропор, графитен стиропор, камена волна и за вметнување арматурна мрежа.
ПРИМЕНА
Mинерално, високо флексибилно полимер-цементно лепило наменето за лепење на плочи од експандиран полистирен (EPS плочи) и од екструдиран (XPS плочи) полистирен, за лепење на плочи од графитен ситропор и од минерална волна (MW плочи), на различни минерални подлоги, како и за вметнување на арматурна мрежичка и израмнување на целата фасадна површина. BK-StirolFix Special се користи како лепило за лепење како базен слој, те. лепило за армирање во рамките на Bekatherm Prestige термоизолацискиот систем.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, носечка, без нечистотии и без остатоци од масла или бои. Мазните, слабо апсорбирачки бетони, со остатоци од нечистотии, неопходно е да се исчистат со млаз врела вода, а потоа да се изврши грундирање со BK-Beton Kontakt, еден ден пред лепење на EPS плочите. На нови ѕидови од цигли не е неопходно да се нанесува темелен премаз. Во случај на лепење на EPS плочи на ѕидови од гас-бетон се препорачува премачкување со BK-Nivelator според упатството за употреба.
Прашокот се додава во околу 26-28% вода (25kg прав во околу 6,5-7l вода) и се меша додека не се постигне целосна хомогенизација. Смесата треба да одстои 10-тина минути, а потоа повторно да се промеша за да се добие соодветна густина на лепилото. Така подговено, лепилото се нанесува врз термоизолациони плочи (по рабовите на EPS плочата и три топки во средината на плочата), а потоа плочите се залепуваат со притискање врз подлогата. По минимум 48 ч може да се врши типлување на типли со метално јадро, што е задолжителен чекор во системот со минерална волна. По типлувањето потребно е преку целата површина на плочата да се нанесе многу тенок слој на лепило, кое се суши околу 4 ч. При армирање на мрежичката лепилото се нанесува на целата површина на плочата со назабена глеталка (длабочина на забите 8-10 mm). Во така нанесеното свежо лепило се става арматурната мрежичка (мин. 10 cm преклопување меѓу лентите). Целата површина по сушењето се израмнува со нов слој на лепило. Вкупната дебелина на завршниот слој на лепилото треба да изнесува 5-6 mm. При лепењето на плочи од минерална волна потребно е целата површина на плочата да се премачка со тенок слој од лепилото. Потоа се нанесува лепило по периферијата на плочата и три топки на средината. При понатамошната работа се применуваат истите правила споменати во делот лепење на EPS плочи. Лепилото треба да се заштити од пребрзо сушење и замрзнување.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Oптимални временски услови: температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +30°C. Moжност за вметнување на арматурна мрежичка: по минимум 24 часа. Можност за примена на завршни слоеви: по минимум 7 дена.
ПОТРОШУВАЧКА НА МАТЕРИЈАЛОТ
Доколку се користи за лепење околу 5.5-6 kg и за рамнење 5-7 kg во зависност од квалитетот на подлогата, типот на термоизолациониот материјал кој се користи и слично.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната опаковка во сув простор подигнато врз палети.