BK-StirolFix White е бел флексибилен лепак за вметнување арматурна мрежа.
ПРИМЕНА
Минерално лепило на база на бел цемент наменет за вметнување арматурна мрежичка и за рамнење на цели фасадни површини. BK-StirolFix White се користи како основен слој, те. лепак за армирање во рамките на Bekatherm Standard термоизолацискиот систем. BK-StirolFix White може да се користи и за лепење на термоизолациски плочи oд EPS и MW.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Прашокот се додава во околу 26-28% вода (25kg прав во околу 6,5-7l вода) додека не се постигне целосна хомогенизација. Смесата треба да одстои 10-тина минути, а потоа повторно да се промеша за да се добие соодветна густина на лепилото. Така подговено, лепилото се нанесува врз термоизолациони плочи (по периферијата на плочата и точкасто по средината, со топки од околу 10 cm), а потоа плочите се залепуваат со притискање врз подлогата. За армирањето на мрежата, лепилото се нанесува со помош на назабена челична глетарка (големина на заб 8-10 mm) врз површината која претходно е исчистена од прашина. Потоа арматурната мрежичка се вметнува во свежо нанесеното лепил (преклоп од мин. 10 cm). Откако ќе се исуши, целата површина се израмнува со нов слој на лепило. Лепилото треба да се заштити од пребрзо сушење и од замрзнување.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Oптимални временски услови: температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +30°C. Moжност за вметнување на арматурна мрежичка: по минимум 48 часа. Можност за примена на завршни слоеви: по минимум 7 дена.
ПОТРОШУВАЧКА НА МАТЕРИЈАЛОТ
Доколку се користи за лепење на стиропор околу 5-6,5 kg/m2 и за рамнење 5-7 kg/m2 , во зависност од типот на термоизолациониот материјал кој се користи.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнато на палети.