Лепило за плочки БК170 Еластично 25кг - Baucentar
Лепило за плочки БК170 Еластично 25кг

Лепило за плочки БК170 Еластично 25кг

1110 ден

Има на залиха

1110 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: А16891 Категории

SiproFix BK 170 Elastic е флексибилно лепило за керамички и гранитни плочки за внатрешна и надворешна употреба.

ПРИМЕНА
Лепило наменето за лепење на керамички плочки со димензии до 120×100 cm, мермер, гранит, природен и вештачки камен на ѕидни, подни и фасадни површини, исклучиво на цврсти подлоги како малтери на база на цемент, вар и бетон, за надворешна и внатрешна употреба. Производот се карактеризира со одлична адхезија, висока цврстина, флексибилност и отпорност на влага. Погодно е за лепење на плочки со ниска апсорпција (E ≤3%) како и на плочки со големи димензии на деформабилни површини и при поставување на површини со веќе постоечки плочки. Погодно е за употреба во бањи, кујни, базени, балкони, тераси и систем за подно греење.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, носечка, да не биде замрзната, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Пред лепењето на плочки се препорачува премачкување на површината со подлогата BK-Ultra Prime со цел подобрување на адхезијата на лепилото. За постигнување на оптимални резултати при лепењето на плочки на слабо апсорбирачки површини, како и при лепење плочка на плочка да се користи во комбинација со подлогата БК Бонд.

Подготовката се врши со додавање на 25kg прав во околу 6.75l вода со интензивно мешање до целосна хомогенизација. Смесата да се остави да отстои 10-тина минути, а потоа повторно да се промеша за да се добие соодветна густина на лепилото. Лепилотов се нанесува со назабена глетарка со соодветна големина на запци, така што минимум 65% од површината на плочката да биде покриена со лепак доколку се работи за за внатрешна употреба, а минимум 90% за надворешна употреба. Големината на запците зависи од димензија на плочките (оптимално 4-6 mm за плочки со димензија 10-25 cm). Плочките да се втиснат во слој од лепило врз подлогата, a доколку се работи за нерамна површина, треба да се нанесе лепило и на плочките за да се постигне рамнење. Високо впивливи и порозни плочки, пред да се постават, треба да се навлажнат. Вишокот лепило да се отстрани со влажен сунѓер, а стврднатите делови да се отстранат по механички пат. Вишокот лепило од фугите отстранете го механички.

ОПТИМАЛНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ:
Оптимална температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +25°C.

ОТВОРЕНО ВРЕМЕ ЗА РАБОТА
Околу 30 минути (зависно од подлогата и атмосферските услови). Може да се фугира после 24 часа при сушење на оптимални услови (23°C и 50-60% р.в.в.).

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 3-5 kg/m², во зависност од подлогата и од дебелината на нанесувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа складирано во сув простор и подигнато на палети.

Бренд

Bekament