Лепило за плочки БК110 Флексибилно 25кг - Baucentar
Лепило за плочки БК110 Флексибилно 25кг

Лепило за плочки БК110 Флексибилно 25кг

508 ден

Има на залиха

508 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

SiproFix BK 110 Flex е флексибилно лепило за керамички плочки за внатрешна и надворешна употреба.

ПРИМЕНА
Лепило за лепење на керамички плочки (апсорбирачки и слабо апсорбирачки со димензии до 60×60 cm), грес плочки, мозаици, мермер, гранит, природен и вештачки камен врз ѕидни, подни и фасадни површини, исклучиво врз цврсти подлоги од бетон, од малтери на база на цемент и од вар, за надворешна и внатрешна употреба. Поседува одлична адхезија, висока цврстина, флексибилност и отпорност на влага. Погодно е за употреба во бањи, кујни, балкони, тераси и систем со подно греење.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува лепилото треба да е цврста, чиста, носечка, да не биде замрзната, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Пред лепењето на плочки се препорачува премачкување со подлогата БК Ултра Прајм со цел подобрување на адхезијата на лепилото. За постигнување на оптимални резултати при лепењето на плочки на слабо апсорбирачки површини, како и при лепење плочка на плочка да се користи во комбинација со подлогата БК Бонд. Подготовката се врши со додавање на 25kg прав во околу 6.75l вода и интензивно се меша до целосна хомогенизација. Смесата треба да отстои 10-тина минути, а потоа повторно да се промеша за да се добие соодветна густина на лепилото. Лепилото се нанесува со назабена глетарка со соодветна големина на запци, така што минимум 65% од површината на плочката да биде прекриена со лепак (за внатрешна употреба), а минимум 90% (за надворешна употреба). Големината на запците зависи од димензијата на плочките (оптимално 4-6 mm за плочки со димензија 10-25 cm). Плочките да се втиснат во слој од лепило врз подлогата, a доколку се работи за нерамна површина, треба да се нанесе лепило и на плочките за да се постигне рамнење. Плочки со високо ниво на впивање и порозни плочки, треба да бидат навлажнети пред да се постават. Вишокот лепило да се отстрани со влажен сунѓер, а стврднати делови да се одстранат по механички пат. Вишокот на лепилото во фугите отстранете го по механички пат.

ОПТИМАЛНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
Температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +25°C.

ОТВОРЕНО ВРЕМЕ ЗА РАБОТА
Околу 20 минути (зависно од подлогата). Можност за фугирање 24 часа по лепење на плочките.

ПОТРОШУВАЧКА НА МАТЕРИЈАЛОТ
Околу 3-5 kg/m², во зависност од подлогата и дебелината на нанесувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа складирано во сув простор и подигнато на палети.

Бренд

Bekament