Лепило За Плочки БК155 Бел 25кг - Baucentar
Лепило За Плочки БК155 Бел 25кг

Лепило За Плочки БК155 Бел 25кг

969 ден

Нема на залиха

Шифра: А13521 Категории

SiproFix BK155 Rapid White е бело лепило за керамички и гранитни плочки со карактеристики за забрзано врзување за внатрешна и надворешна употреба.

ПРИМЕНА
Лепило за плочки на база на бел цемент со карактеристика на забрзано врзување. Наменето е за лепење на сите видови на керамички плочки со димензии до 120×80 cm, потоа плочки од мермер и гранит, стаклени мозаик плочки, природен и вештачки камен на ѕидни, подни и фасадни површини, исклучиво на цврсти подлоги како бетон, малтери на база на цемент и вар. Може да се користи за надворешна и внатрешна употреба. Се одликува со одлична адхезија, висока цврстина и отпорност на влага. Погодно е за лепење на површини со веќе постоечки плочки, како и на подлоги со подно греење. Може да се користи за поплочување на базени и на други објекти исполнети со вода во системот со хидроизолацискиот премаз БК Хидростоп 2. Не ја менува природната боја на керамичките облоги.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува лепилото мора да биде цврста, чиста, носечка, незамрзната, без слабоврзувачки делови, без остатоци од масла или од бои. Пред лепење на плочките се препорачува премачкување со подлогата БК Бонд која треба да се разреди според упатството со цел да се подобри адхезијата на лепакот. Подготовката се врши со додавање на 25kg прав во околу 6.75l вода и потоа интензивно да се меша додека не се постигне целосна хомогенизација. Масата оставете ја да одмори околу 5 мин. Потоа измешајте ја уште еднаш за да се добие лепило со примерна густина. Лепилото се нанесува со помош на назабена глетарка со соодветна големина на запците така да минимум 65% од површината на плочките треба да биде покриена со лепилото во случај на внатрешна употреба, и минимум 90% во случај на надворешна употреба. Големината на запците зависи од димензиите на плочките (оптимално треба да бидат со големина 4-6 mm за плочки со големина 10-25 cm). Плочките се втиснуваат во слојот лепило на подлогата, а доколку површината е нерамна или ако се плочките со поголем формат лепилото се нанесува и на плочката. Плочките треба да се редат додека е свежо лепилото (пред формирање на коричка). Во случај на лепење на мермер и на други видови на камен, подложни на промена на боја, oблогата никако не смее да се потопува во вода, а се препорачува да се изврши и пробно нанесување на лепилото.

ОПТИМАЛНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
Температура на подлогата и на воздухот +5°C дo +25°C.

ВРЕМЕ НА УПОТРЕБА
Идеалното време на употреба на подготвеното лепило е oколу 40 минути по мешањето, во зависност од температурата. Брзо врзувачко, подготвено за фугирање со бела фуга маса по 8-10 ч сушење, фугирање со други бои најрано по 24 ч сушење на нормални услови (T=23-25°C, р.в.в. 50-60 %).

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 3-5 kg/m², во зависност од подлогата и дебелината на нанесувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа доколку е складирано во сув простор и подигнато од подот на палети.

Бренд

Bekament