Дрвена скала со двострани газишта, има по 7 газишта од двете страни. Висината на скалата кога е склопена изнесува 2.56 метри. Скалите се изработени во специјализирана фабрика за обработка на дрво во Србија. За изработка се користи дрво од липа кое пред обработката рачно се селектира, се проверува, се вари и потоа се обработува. Поради изработката од дрво од липа, скалите не се воопшто тешки. Лесни се за носење или за превезување. Овој производ првенствено е наменет за вршење на разни градежни и занаетчиски работи како што се молерисување или поправки. Скалите може да се користат и за земјоделски работи, како и за разни потреби во домаќинството, како на пример за берба на овошје или за поткастрување на дрвенести растенија. На средината на скалите има лента која обезбедува врска помеѓу двата краци кога скалата е отворена со што на скалата и дава стабилност. Се препорачува скалата да се чува на суво место и да се заштити од влага и дожд, заради поголема трајност. Достапни се во повеќе различни големини со различен број на газишта.
Погледнете ја количката „Флуоресцентна Боја Во Спреј 400мл Оранж“ се додадени во вашата кошничка.
Дрвена Скала 2х7 2.56м
3150 ден
Во кошничкаДрвена Скала 2х7 2.56м
3150 ден
Има на залиха
Шифра: 115083УТ
Категории Дрвени молерски скалиПроизводиСкали