Внатрешен Минерален Малтер 2.0мм Full 25кг - Baucentar
Внатрешен Минерален Малтер 2.0мм Full 25кг

Внатрешен Минерален Малтер 2.0мм Full 25кг

600 ден

Има на залиха

600 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-Briv Univeral е декоративен минерален малтер за внатрешни ѕидови.

ПРИМЕНА
Племенит минерален тенкослоен малтер изработен на варово-цементна база, наменет за сите видови фино израмнети подлоги од варово-цементни и цементни малтери, наменет за внатрешна употреба.

СТРУКТУРАТА НА МАЛТЕРОТ
Rajb (зарибана – rille) и Full (полна – kratz).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која ќе биде нанесен малтерот мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Во зависност од моќта на впивањето и квалитетот на подлогата, претходниот ден по потреба, подлогата да се грундира со BK-Grund Universal. Во случај на високо апсорбирачки подлоги, се препорачува нанесување на BK-Nivelator, додека во случај на слаби и трошни подлоги потребно е на површината да се нанесе BK-Penetrat пред нанесувањето на малтерот. Времето на сушење на подлогата е минимум. 12 часа.

Малтерот се подготвува со додавање околу 24-26% вода (25kg прав во околу 6-6,5l вода) и потоа интензивно се меша, сé додека не се постигне целосна хомогенизација. Потоа смесата се остава да отстои 10 минути, па повторно се промешува. Малтерот се нанесува со челична глетарка со дебелина на најкрупното зрно. Во зависност од саканата структура, малтерот потоа се обработува со пластична глеталка и тоа: Full (полна – kratz) структура-веднаш по нанесувањето, да се структурира со кружно движење, Rajb (зарибана – rille) структура – кратко по нанесувањето да се структурира со кружни или прави движења дури не се постигне саканата структура.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Oд +5°C до +30°C.

ПОТRОШУВАЧКА
Околу 2,5-3,5 kg/m², во зависност од саканата структура и гранулација.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа, во сува просторија, подигнат врз палети.

Бренд

Bekament