Високоадхезивна Подлога За Мазни Површини 1л - Baucentar
Високоадхезивна Подлога За Мазни Површини 1л

Високоадхезивна Подлога За Мазни Површини 1л

425 ден

Има на залиха

425 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-Bond е високо адхезивна подлога за слабо апсорбирачки површини.

ПРИМЕНA
BK-Bond е високо адхезивна подлога која првенствено се користи за подобрување на лепливоста на мазни, слабо апсорбирачки и проблематични површини. Производот BK-Bond разреден со вода може да се користи и при нанесување на глет маси, лепила за керамика, саморазлевачки маси, минерални малтери и сл., нa гипс картонски или цементно-влакнести плочи, анхидрит подлоги, високо апсорбирачки малтери и други цементни подлоги. Со нанесувањето на BK-Bond се врши врзување на заостанатата прашина и израмнување на површината, а на тој начин се остварува и подобро врзување на идниот слој за подлогата.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Пред употреба BK-Bond содржината задолжително треба добро да се протресе. BK-Bond во случај на примена на слабо апсорбирачки површини се нанесува неразреден, со четка или со кратко влакнест валјак најчесто во еден слој. На вака нанесениот премаз може да се применуваат следните слоеви, после најмалку 6 часа сушење во нормални услови (23°C и 50-60% р.в.в.), односно кога премазот ќе постигне отпорност на гребење. Во случај на примена на апсорбирачки површини, потребно е производот да се разреди со вода во сооднос 1:3 (прајмер : водa). Разредениот производ се нанесува со четка, валјак или со прскање во 1-2 слоја во зависност од апсорпцијата и од посакуваниот ефект, по принципот “мокро на мокро”.

ПОТРОШУВАЧКA
Oколу 50-100 ml/m², во зависност од апсорпцијата и намената.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригинално затворена амбалажа. Да се складира на температура од +5°C дo +25°C, заштитено од сончева светлина и замрзнување.

Бренд

Bekament