Вентилациона Решетка Со Насочувач 150х150мм Цинк

Вентилациона Решетка Со Насочувач 150х150мм Цинк

275 ден

Има на залиха

275 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Намена:
Вентилациона решетка со димензии на рамката од 150х150мм и со насочувач која овозможува струење на воздухот а со самото тоа се користи и за проветрување на просториите. Служи за земање на свеж воздух однадвор и за исфрлување на нечистиот воздух одвнатре. Има можност за насочување на струењето на воздухот.
Вградувањето се врши со уфрлување на воведник во постоечкиот канал во ѕидот, а кој има максимален дијаметар на отворот од Ø 145мм.
Може да се користи за вградување во станбени, станбено-деловни и помали индустриски простории како на надворешниот ѕид (фасада) така и на внатрешниот.
Изработка:
Изработена е од ладно валан лим со дебелина од 0.5мм. Поседува заштитна мрежичка од поцинкуван или алуминиумски лим со дебелина од 0.4мм. Насочувачот е изработен од ладно валан лим со дебелина од 0.5мм.
Површинска заштита:
Површинската заштита на овој производ се врши со галванско поцинкување. Со оваа постапка се постигнува одлична антикорозивна заштита. Со поцинкувањето се добива заштитен слој со дебелина од 8-12μm кој е постојан на температурни интервали од -40 ºC до +300ºC.
Начин на вградување:
Препорачан начин на вградување на овој тип на решетки:
1. Со помош на навојна врска преку отворот на телото на решетката

Бренд

Anko