Вентилациона Решетка Кружна со воведник 150х150мм ф100 Цинк

Вентилациона Решетка Кружна со воведник 150х150мм ф100 Цинк

285 ден

Има на залиха

285 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Намена:
Вентилациона кружна решетка со димензии 150х150мм со цинков воведник со дијаметар на отворот од 100мм која овозможува струење на воздухот а со самото тоа се користи и за проветрување на простории. Служи за земање на свеж воздух однадвор и за исфрлување на нечистиот воздух одвнатре. Има можност за насочување на струењето на воздухот.
Поседува заштитна мрежичка која спречува влегување на поголеми крилни инсекти и влекачи во просторијата.
Вградувањето се врши со уфрлување на воведник во постоечкиот канал во ѕидот, а кој има максимален дијаметар на отворот од Ø 145мм.
Може да се користи за вградување во станбени, станбено-деловни и помали индустриски простории како на надворешниот ѕид (фасада) така и на внатрешниот.
Изработка:
Изработена е од ладно валан лим со дебелина од 0.5мм. Поседува заштитна мрежичка од поцинкуван или алуминиумски лим со дебелина од 0.4мм. Воведникот е изработен од ладно валан лим со дебелина од 0.5мм.
Површинска заштита:
Површинската заштита на овој производ се врши со галванско поцинкување. Со оваа постапка се постигнува одлична антикорозивна заштита. Со поцинкувањето се добива заштитен слој со дебелина од 8-12μm кој е постојан на температурни интервали од -40 ºC до +300ºC.
Начин на вградување:
Постојат неколку различни начини за вградување на овој тип на решетки:

  1. Со помош на навојна врска преку отворот на телото на решетката
    2. Со вградување во цевка
    3. Со помош на малтер или некое друго врзивно средство

Бренд

Anko