Вентилациона Решетка Кружна со воведник 150х150мм ф100 Бела

Вентилациона Решетка Кружна со воведник 150х150мм ф100 Бела

285 ден

Има на залиха

285 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Намена:
Вентилациона кружна решетка со димензии на рамката од 150х150мм со цинков воведник со дијаметар на отворот од 100мм која овозможува струење на воздухот а со самото тоа се користи и за проветрување на простории. Служи за земање на свеж воздух однадвор и за исфрлување на нечистиот воздух одвнатре. Има можност за насочување на струењето на воздухот.
Поседува заштитна мрежичка која спречува влегување на поголеми крилни инсекти и влекачи во просторијата.
Вградувањето се врши со уфрлување на воведник во постоечкиот канал во ѕидот, а кој има максимален дијаметар на отворот од Ø 145мм.
Може да се користи за вградување во станбени, станбено-деловни и помали индустриски простории како на надворешниот ѕид (фасада) така и на внатрешниот.
Изработка:
Изработена е од ладно валан лим со дебелина од 0.5мм. Поседува заштитна мрежичка од поцинкуван или алуминиумски лим со дебелина од 0.4мм. Воведникот е изработен од ладно валан лим со дебелина од 0.5мм.
Површинска заштита:
Површинската заштита на овој производ се врши со пластифицирање. Со премачкувањето со боја се постигнува квалитетна заштита на металните делови од корозија. Производот има глатка и сјајна површина (>80%). Со пластифицирање се добива заштитен слој со дебелина од 60-80 μm, кој е постојан на температури во интервал од -40 до +200ºC.
Начин на вградување:
Постојат неколку различни начини за вградување на овој тип на решетки:
1. Со помош на навојна врска преку отворот на телото на решетката
2. Со вградување во цевка
3. Со помош на малтер или некое друго врзивно средство

Бренд

Anko