Намена:
Двојна кружна вентилациона решетка со димензии на рамката од 150х290мм која е наменета за места каде е потребен зголемен проток на воздух. Се одликува со компактни димензии во склад со дизајнот. Служи за земање на свеж воздух однадвор и за исфрлување на нечистиот воздух одвнатре. Главна карактеристика и е едноставноста на подесување на протокот на воздух со помош на вртливата решетка. Се монтира на надворешната страна ѕидот (на фасада) или на внатрешниот ѕид во станбени, станбено-деловни и во индустриски објекти.
Се состои од рамка и решетки.
Изработка:
Оваа решетка која е изработена од прохромски, немагнетичен, киселоотпорен лим со дебелина од 0.5мм.
Површинска заштита:
Само за варијантата од ладно валан лим се применува пластифицирање. Со премачкувањето со боја се постигнува квалитетна заштита на металните делови од корозија. Производот има глатка и сјајна површина (>80%). Со пластифицирање се добива заштитен слој со дебелина од 60-80 μm, кој е постојан на температури во интервал од -40 до +200ºC.
Начин на вградување:
Постојат неколку различни начини за вградување на овој тип на решетки:
1. со анкер преку перфорирани отвори на телото на рамката
2. со помош на малтер или некое друго врзивно средство