Вентилациона Решетка Гравитациона со насочувач 150х150мм Цинк

Вентилациона Решетка Гравитациона со насочувач 150х150мм Цинк

285 ден

Има на залиха

285 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Вентилациона гравитациона квадратна решетка со димензии на рамката од 150х150мм и со цинков насочувач. Овој модел на вентилациони решетки е наменет за вградување на краевите на вентилационите канали. Може да се вградува во станбени, станбено-деловни и индустриски објекти. Ламелите се изработени од лим со дебелина од 0.3мм. Подвижните ламели се отвораат само при струење на воздухот низ решетката. По престанок на струењето на воздухот, ламелите се затвораат и го спречуваат струењето на воздухот во спротивен правец. Се монтира на надворешната страна ѕидот (на фасада).
Изработка:
За изработка на рамката се користи ладно валан лим со дебелина од 0.5мм кој дополнително површински е заштитен. Ламелите се изработени од прохромски, немагнетичен, киселоотпорен лим со дебелина од 0.3мм. Воведникот е изработен од ладно валан лим со дебелина од 0.5мм кој дополнително површински е заштитен.
Површинска заштита:
Површинската заштита на овој производ се врши со галванско поцинкување. Со оваа постапка се постигнува одлична антикорозивна заштита. Со поцинкувањето се добива заштитен слој со дебелина од 8-12μm кој е постојан на температурни интервали од -40 ºC до +300ºC.
Начин на вградување:
Постојат неколку различни начини за вградување на овој тип на решетки:

  1. Со помош на навојна врска преку отворот на телото на решетката
    2. Со вградување во цевка
    3. Со помош на малтер или некое друго врзивно средство

Бренд

Anko