БК ПЛАСТ База СИЛ Си Си 2.0мм Рајб 25кг - Baucentar
БК ПЛАСТ База СИЛ Си Си 2.0мм Рајб 25кг

БК ПЛАСТ База СИЛ Си Си 2.0мм Рајб 25кг

2990 ден

Нема на залиха

Шифра: А01726 Категорија:

ПРИМЕНА

Tенкослоен декоративен малтер во пастозна состојба изработен на база на високо квалитетна акрилна емулзија, наменет за заштита на фасадни ѕидни површини. Се одликува со добра адхезија на подлогата, одлична обработливост, висока цврстина и водоотпорност.

СТРУКТУРАТА НА МАЛТЕРОТ

Rajb (зарибана – rille) и Ful (полна -kratz).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која малтерот ќе биде нанесен мора да биде цврста, чиста сува и премачкана со BK-Acryl или BK-Grund Universal подлога. Пред да биде нанесен, BK-Plast да се промеша и по потреба да се разреди со мало количество вода ~1% (25kg во околу 0,25l вода). Малтерот да се нанесува со челична глетарка со дебелина на најкрупно зрно. Во зависност од саканата структура, малтерот потоа се обработува со пластична глетарка и тоа: Ful структура – се структурира веднаш по нанесувањето со кружни движења, Rajb структура – се структурира кратко по нанесувањето да се структурира со кружни или прави движења дури не се постигне саканата структура. Врз континуални ѕидни површини, потребно е да се работи рамномерно и без прекини. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

НАПОМЕНА

Доколку се работи врз континуални фасадни површини, нужно е содржината на материјалот од повеќе канти да се измеша, за да се постигне егализација на материјалот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C до +30°C. Да не се работи по директно сонце, за време на дожд или силен ветер. Фасадата соодветно да се заштити со заштитни мрежи. Висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на врзувањето на малтерот.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 2.3-3.3 kg/m², во зависност од структура и гранулација.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од смрзнување.

Бренд

Bekament