ПРИМЕНА
Акрилна боја изработена на база на високо-квалитетна акрилна емулзија, наменета е за декоративна заштита на хоризонтални и вертикални бетонски и други цементни површини. Се одликува со одлична отпорност на вода и адхезија на цементните подлоги. Исто така поседува и одлична отпорност на абење, отпорност на УВ зрачење и на временски влијанија. Не се препорачува за повторно бојадисување на површини изложени на високо-фреквентно оптоварување (јавни гаражи, трговски центри, магацини и сл.).
НИЈАНСИ
Бела, кафеава, црна, црвена, костен, лешник, маслинка, окер, сина, сива, кафеава, теракота, зелена, жолта.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува бојата треба да е цврста, чиста, сува и премачкана со BK-Grund Universal подлога или со BK-Bet разреден со 25 % вода. Подготвување на бојата: со додавање на 5 % вода, 0,05 l вода за пакување од 1 kg) , со добро мешање сé додека не се постигне целосна хомогенизација. BK-Bet обично се нанесува со помош на четка или ваљак во два слоја. Вториот слој се нанесува откако првиот целосно ќе се исуши. Врз континуални површини потребно е да се работи рамномерно и без прекин. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.
ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од +5°C do +30°C. Да не се работи при директно сончево зрачење, за време на дожд и силен ветер.
ПОТОШУВАЧКА
Околу 0,4 kg/m², во зависност од впивањето и рапавоста на подлогата.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од смрзнување. Дата на производство е втисната во амбалажата.