БК Аква Лазур е тенкослоен транспарентен премаз на водена основа за заштита на дрвото во внатрешен или надворешен простор (прозори, врати, огради, ламперија) со нијанса на дрво од орев.
ПРИМЕНА
Погоден е за декоративна заштита на: прозорци, врати, ролетни, градинарска столарија, огради и сл. Квалитетната смола во синергија со УВ-стабилните пигменти, му дава оптимална заштита на дрвото од дејството на УВ зраците, влагата и останатите надворешни влијанија. Производот нема непријатен мирис.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Дрвената површинa мора да биде сува, чиста и избрусена. Пред употреба масата треба добро да се промеша, по потреба да се разреди со вода до 5% за нанесување со четка или ваљак, дo 10 % ако се нанесува со прскање. Дрвените елементи изложени на надворешни влијанија, пред првото боење, треба да се заштитат од дејство на мувла и паразити со нанесување на средството БК Протекта. БК Аква Лазур се нанесува во два слоја. Времето потребно за сушење помеѓу слоевите изнесува 4 до 6 часа при нормални услови (23°C и 50-60 % р.в.в.). Пред нанесувањето на вториот слој, потребно е нежно да се избруси целосно сувата површина на дрвото.
ПОТРОШУВАЧКA
Околу 60-80 ml/m2 за премачкување во еден слој.
ПАКУВАЊЕ
Премазот е спакуван во лимена кантичка и содржи 650мл премаз.