XPS СТИРОДУР 2cм

XPS СТИРОДУР 2cм

238 ден

Има на залиха

238 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: 2125681 Категории

BK-Dur, е термоизолациона плоча изработена од екструдирана полистиренска пена, со ребраста површинска структура (вафла), отпорна на вода и влага, како и на високи потисни оптоварувања.

ПРИМЕНА
Наменета е за изолација на новоградби и за реновирање на постоечки објекти. Tврдо пресуваните плочи од полистиренска пена со структура на затворени клетки, на зградата ѝ овозможуваат да „дише”. Oва се постигнува со посебна мешавина и состав на клетки во комбинација со обработена површина. Се применува за изолација на темели, изолација на подови со големо потисно оптоварување, периметарна изолација, изолација на рамни покриви.

ВГРАДУВАЊЕ
Производот би требало да се применува до препорачаната температура. При изложување на повисока температура од препорачаната, што изнесува најмногу 75 Целзиусови Cтепени, плочите можат да омекнат, трајно да се деформираат, да ги променат димензиите, да се стопат или да станат крути и да ги изгубат механичките својства. Производот смее да се лепи само со лепила на база на цемент, на битумен или на база на пластични материјали. Лепилото не смее да содржи хемиски растворени средства, кои можат да реагираат со плочите на начин да ги омекнат, да предизвикаат собирање, па дури и топење, што може да резултира со губење на основните својства. Производот се вградува во согласност со општите правила за изведување на термоизолациони работи во градежништвото.

ДИМЕНЗИИ НА ПЛОЧАТА

Една плоча е со димензии од 1250 x 600mm, и со дебелина од 20мм (2см). Дебелината на плочите може да биде од 2 до 20см, а по специјално барање на клиентот, можно е да се направат плочи од други димензии.

ПАКУВАЊE
Плочите се спакувани во пакет (бала) обвиткан со непроѕирна PE фолија со волумен 0,30 m3 ( во зависност од дебелината на спакуваните плочи).

СКЛАДИРАЊЕ
Да се складира во покриени простори, подалеку од извори на топлина и пламен. Да не се изложува на УВ зраци. Да се спречи контакт со некомпатибилни хемикалии и материјали (органски растворувачи, нафта и сл.).

Бренд

Bekament