Сет Батериски Алати ГВС 180-ЛИ + ГСР 18В-50 - Baucentar
Сет Батериски Алати ГВС 180-ЛИ + ГСР 18В-50

Сет Батериски Алати ГВС 180-ЛИ + ГСР 18В-50

28499 ден

Нема на залиха

Во овој сет се вклучени следните прооизводи:
Батериска Дупчалка Одвртувач ГСР 18В-50
Батериска Аголна Брусалка ГВС 180-ЛИ
1 Батерија 2,0 Ah
1 Батерија 5,0 Ah
Полнач За Батерии ГАЛ 18В-40
Куфер XL-BOXX

Батериска Дупчалка Одвртувач ГСР 18В-50
Моќна акумулаторска дупчалка – одвртувач модел GSR 18V-50. Нуди изддржливост при тешки и обемни работи псо дупчење или зашрафување во дрво и во метал. Поседува интелигентен мотор кој работи без четкички и кој директно комуницира со електрониката на аалатот, обезбедувајќи ефикасност при работата со што дава подолг работен век. Металната стезна глава и ергономската конструкција на оваа дупчалка-одвртувач го прави алатот компактен и робусен и лесен за користење при тешки работи. Компатибилен е со сите Bosch Professional батерии од 18 V (Flexible Power System) за поголема практичност па дури и во најтешките проекти, од почеток до крај.

Вртлив момент: 28/50/50 Nm
Број на вртежи во празен од 0-460, 0-1.800 врт/мин
Маса без батерија 1.0 кг
Капацитет на батерија 2×2,0 Ah
Напон на батерија 18.0 V

Батериска Аголна Брусалка ГВС 180-ЛИ
Професионална акумулаторска аголна брусалка која го обединува перформансите на ниво на електричен алат, со извонредна ергономија и практично ракување. Посебно е оптимизиран за примена во сечење, има балансиран дизајн и тенка рачка со што овој алат овозможува врвна можност за разнолика примена. Моторот без четкички е со високи перформанси и обезбедува брз напредок во работата и дава еквивалент на електрична моќност од 700 W. Благодарение на подобрената ефикасност и времето на работа, оваа брусалка дава најдобра продуктивност при секое полнење на батеријата. Тенкиот дизајн на рачката и брзостезниот штитник ја носат практичноста за користење на едно повисоко ниво.

Бројот на вртежи во празен од е 11.000 вртежи во минута. Напонот на батериите е 18V. Навојот на брусното вретено е од тип М14. Може да се користи за плочи за брусење метал со дијаметар до Ø 125мм. Без батерија тешка е 1,6кг.

Нивото на звучен притисок е 79,5 dB(A), а нивото на звучна моќност е 909,5 dB(A).

Бренд

Bosch