ПРИМЕНA
Еднокомпонентен полиуретански премаз без вода на база на растворувач за внатрешна примена. Се користи за зацврстување на минерални подлоги и за подобрување на адхезијата пред лепењето на паркетот со полиуретанското лепило BK-ParketFix PU. Дозволената влага на подлогата пред нанесување на премазот може да биде макс. 3 %. Премазот е погоден за сите минерални подлоги како што се бетонски површини, цементен естрих, анхидритни подлоги и сл.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува премазот мора да биде цврста, чиста, сува, без остатоци од масла, масти и други материјали. Премазот не е дозволено да се разредува. Се нанесува со четка за бојадисување или со кратко влакнест ваљак рамномерно по подлогата во тенок слој. Кај високо порозните подлоги нанесувањето да се повтори по 2-3 ч. Лепењето на подните облоги да се изврши веднаш по целосното сушење на премазот (~12ч). За детални упатства видете го техничкиот лист на производот.
TEМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА
Oд +10°C дo +25°C со макс. влажност на воздухот од 60%.
ПОТРОШУВАЧКA
Oколу 0,15-0,30 kg/m², во зависност од порозноста и видот на подлогата.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
9 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување. Дата на производство е втисната во амбалажата.