БК ГРУНД Силикат 25кг - Baucentar
БК ГРУНД Силикат 25кг

БК ГРУНД Силикат 25кг

2870 ден

Има на залиха

2870 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: А01965 Категорија:

ПРИМЕНА

Структурна силикатна подлога наменета за премачкување на варови, вар-цементни и цементни површини со цел за изедначување, неутрализација и зацврстување на подлогата пред нанесување силикатни бои и силикатни декоративни малтери. Се препорачува тонирање на BK-Grund SIlicat подлога во иста нијанса каков што ќе биде и завршниот слој. Може да се користи во екстериери и во ентериери.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која се нанесува BK-Grund Silicat треба да е цврста, чиста, сува и без остатоци на масла. BK-Grund Silicat пред употреба треба да се промеша и да се разблажи со отприлика 15 % вода (1,2l вода за пакување од 8kg, 3,75l вода за пакување од 25kg) . Се нанесува во еден слој со користење на ваљак со долги влакна или со помош на четка. Потребно време за сушење пред нанесување завршен слој изнесува минимум 12 h. Кога се вградува,температурата да биде меѓу +15°C do +30°C, релативната влажност да не биде поголема од 70%. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 0,2-0,25 kg/m², во зависност од впивањето и рапавоста на површината на ѕидот.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

Бренд

Bekament