ПРИМЕНА
Микроармирана прашкаста смеса, на минерална база, за израмнување на надворешни ѕидови во тенок слој. Се користи со рачно нанесување во слој со максимална дебелина до 5 mm. Подлогата на која се нанесува BK-GletEx S мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Во случај на нанесување на квалитетни минерални површини, како и на добро прифатени дисперзивни бои, претходно e потребно на површината да се нанесе подлога BK-Ultra Prime за подобро прифаќање на глет масата. Во случај на високо апсорбирачки површини, може да се изврши импрегнација и со BK-Nivelator. Во случај на површини кои се лупат, трошат и/или распрскуваат потребно е да се отстранат сите слабо врзани слоеви, а потоа да се изврши импрегнација на подлогата со BK-Penetrat.
ПОДГОТВУВАЊЕ НА СМЕСАТА
Прашокот се додава во околу 40% вода (5kg прав во околу 2l вода, 25kg прав во околу 10l вода), сé додека смесата не стане хомогена и без грутки. Смесата да отстои 10 минути и пред нанесување пак да се измеша. Глет масата обично се нанесува во два слоја, рачно со метална глетарица со вкупна дебелина до 5 mm. Вториот слој се нанесува дури откако првиот слој целосно ќе биде исушен, а доколку после нанесувањето на секој слој евентуално постојат набори и нерамнини, истите да се обработат со брусна хартија со грубост помеѓу 80-180, во зависност од техниката и намената. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист на производот.
ПОТРОШУВАЧКА
Околу 1.5-2.5 kg/m², зависно од рапавоста на подлогата.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигната на палети.